Top Sport

Евра му препорачал на Роналдо да оди во Јувентус

Кристијано Роналдо и Патрис Евра беа соиграчи во Манчестер Јунајтед во периодот од 2006 до 2009 година. Заедничко им е шти и двајцата го носеле дресот на Јувентус, Евра играше во Торино од 2014 до 2017, а Португалецот ја ситни својата втора сезона во дресот на „страта дама“.

Евра открил дека Роналдо му се јавил и побарал совет минатата година кога ги започнал преговорите со Јувебтус.

„Ми се јави и ме праша зошто Јувентус е посебен клуб. Му објаснив дека клупската филозофија е идеална за неговиот начин на работа и дека таму ќе може да игра и на 40 години“, рекол Евра и дополнил.

„Се сеќавам на моментот кога ја освои првата Златна топка. Тогаш ми кажа дека сака да освои уште многу Златни топки. Секој ден напорно тренира за да биде најдобар, тој е машина. Секогаш би го избрал пред Меси“.

Scroll to Top