Top Sport

Барса пред „Ел Класико“ има пеколен распоред

Најголемото дерби на шпанскиот фудбал ќе се игра на 18 декември. Барселона и Реал требаа да играат за три дена, меѓутоа „Ел Класико“ е одложено поради најавените протести во Барселона и нестабилната политичка ситуација во Каталонија.

Клубовите се договорија околу терминот, кој го потврди Кралската фудбалска федерација на Шпанија.

Пред дербито Барселона ја очекуваат серија тешки натпревари, во Ла лига и Лигата на шампионите.

На 27 ноември Барса ќе ја пречека Борусија Дортмунд, а четири дена подоцна ќе гостува кај Атлетико Мадрид. Потоа избраниците на Ернесто Валверде ќе ја пречекаа Мајорка (8 декември), а три дена подоцна им следува гостувањето во Милан, кај Интер.

Пред „Ел Калсико“ Барселона ја очекува и гостување на „жешкиот “ терен во Сан Себастијан и дуел со Реал Сосиедад (15 декември).

Scroll to Top