Top Sport

Евра: По извинувањето, ќе го почитувам фудбалскиот клуб Ливерпул

Патрис Евра вели дека личното извинување од Џејми Карагер и писмото од претседателот на Ливерпул, Том Вернер за инцидентот од пред девет години со Луис Суарез и расистичките навреди кон него, го натерале повторно да ја врати почитта кон фудбалскиот клуб Ливерпул.

Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед беше мета на расистички навреди од страна на Уругваецот Суарез на меч на „Енфилд“, по што ФА го казни Суарез со осум меча суспензија и 40.000 фунти, но Ливерпул застанаа во одбрана на својот фудбалер. Лани, Карагер, во живо на ТВ му се извини на Евра додека двајцата беа ТВ-коментатори.

„Тој призна и беше казнет строго, но Ливерпул носеа маички со поддршка за Суарез. Тој беше суспендиран за расизам, а тие го поддржаа така. Бев збунет и вознемирен. Но, откако Џејми Карагер ми се извини и ми кажа дека тоа било грешка, отсега ќе го почитувам Ливерпул како фудбалски клуб. Добив и порака од претседателот на Ливерпул со извинување за тоа што се случи и ми кажа дека сум добредојден таму. Тоа навистина беше прекрасно. Подобро подоцна отколку никогаш“, вели Евра.

Scroll to Top