Top Sport

Шпанските клубови се враќаат на тренинзи!

Клубовите од Ла лига ќе се вратат на тренинзи оваа недела, откако шпанската влада даде дозвола по неколку недели стриктно ограничување на движењето поради пандемијата на корона вирусот.

Фудбалерите во двете професионални шпански лиги ќе можат да тренираат сами во клупските центри откако ќе бидат тестирани на КОВИД-19 од страна на клубовите, давајќи надеж дека барем во Шпанија наскоро ќе гледаме фудбал. Ла лига објави дека враќањето на потполни тренинзи се очекува во период на четири недели.

„Кризата имаше огромно влијание на сите нас, но враќањето на фудбалот е знак дека општеството оди кон нова нормална ситуација. Ќе се врати дел од животот кој луѓето во Шпанија и целиот свет го познаваат и го сакаат. Здравјето ќе остане прв приоритет“, изјави претседателот на Ла лига, Хавиер Тебас.

Сличен процес на враќање на тренинзи има и во германската Бундеслига, англиската Премиер лига и италијанската Серија А, но лигите во Холандија и Франција веќе се откажани поради корона вирусот.

Scroll to Top