Top Sport

Евра се степал со Видиќ и не зборувале три месеци

Патрис Евра открива дека не зборувал со својот соиграч Немања Видиќ три месеци откако двајцата се степале додека биле соиграчи во Манчестер јунајтед.

Двојката освои пет трофеи од Премиерлигата и титула од ЛШ во 2008 година заедно, но Евра открива дека имало толку голема тензија што Сер Алекс Фергусон морал да го премести Рио Фердинанд на левата страна во одбраната само да не играат еден покрај друг со Видиќ. Иако Евра не потврди кога се случила расправијата, Фергусон ја смени формацијата во ноември 2011 откако еден месец порано, Јунајтед загубија со 6:1 од Манчестер сити.

Видиќ и Фердинанд пристигнаа во зимскиот преоден рок во сезоната 2005/06 и двајцата немаа најдобар старт на кариерата.

„Пристигнавме во исто време и заедно страдавме. Бевме во ист хотел, и двајцата бевме лоши на почетокот. Менаџерот не прати да играме со резервите, каде што тренер беше Рене Моленстин. По 45 минути, не замени. Во соблекувалната Вида зборуваше: ‘Ми се јави агентот, морам да се вратам во Москва’. И мене ми се јави мојот агент бидејќи имаше интерес од Рома. Не беше лесно во Јунајтед. Се мачевме заедно и затоа имам огромна почит за Вида. Но, исто така се тепавме. Еднаш не зборувавме три месеци. Игравме заедно, но без зборови. Не му кажував да оди лево или десно, ниту тој мене. Фергусон мораше да го премести Рио да игра на левата страна со мене. Потоа, по еден меч, тој дојде и ми крена рака. На сите им олесна, бидејќи бевме најдобри пријатели и имаме долга приказна зад нас. Го сакам многу“, вели Евра.

Scroll to Top