Top Sport

Не може без проблеми – девојката се обиде да го прегази Хесе!

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и Пари Сен-Жермен, Хесе ги отфрли вестите дека неговата девојка Аура Руиз се обидела да го прегази со автомобил, поради што тој морал да пропушти тренинзи.

Инцидентот се случил откако двајцата биле на концерт во „Гран Канарија арената“ во Лас Палмас, каде што Хесе сега игра во локалниот шпански второлигаш. Шпанските медиуми тврдат дека Руиз, која минатата недела изјави дека почнува нов живот со 28-годишниот Хесе прво се расправала со него пред да го прегази со возилото, а како доказ се појавува видео на кое фудбалерот добива помош да оди.

Ова е само последен во низата инциденти кои го носат Хесе, инаку освојувач на титули од ЛШ со Реал Мадрид во 2014 и 2016 на насловните страни, откако Пари Сен-Жермен во отпушти во декември откако бил неверен  на Руиз.

Девојката го посрамоти Хесе: Повеќе сакам секс-играчки од него!

ПСЖ го отпуштија Хесе Родригез поради тоа што ја мамел својата партнерка!

Scroll to Top