Top Sport

Протестантите во Хонгконг ги палат дресовите на Леброн

Ѕвездата на Лос Анџелес лејкерс, „Кралот“ Леброн Џејмс стана неочекувана мета на протестантите во Хонгконг, по неговите коментари околу односите помеѓу НБА лигата и Кина, кои предизвикаа многу тензии последниот месец.

Џејмс денеска го критикуваше генералниот менаџер на Хјустон рокитс, Дерил Мани, чиј напис на Твитер во поддршка на протестите во Хонконг против кинеските власти предизвика бура реакции во Кина, велејќи дека „понекогаш слободниот говор носи многу проблеми“.

Голем број на кошаркарски фанови во Хонконг го искалија бесот на Леброн, палејќи ги неговите дресови и удирајќи ја неговата фотографија закачена на кошаркарска табла.

Scroll to Top