Реал Мадрид, Интер и Баерн Минхен заедно ќе одиграат неколку пријателски натпревари со цел да соберат средства за здравствените установи и работнци кои се најизложени во борбата против коронавирусот.
„Европскиот куп на солидарноста – фудбал за хероите“ ќе се игра во 2021 година со цел да биде испратена заедничка порака и да се истакне важноста на кохезијата помеѓу европските држави и испраќање на конкретна помош на медицинскиот персонал и болниците“, стои во соопштението што го објави Интер.
Точните датуми ќе бидат одредени кога ќе бидат познати распоредите на трите клуба и кога ќе им биде дозволено на навивачите да се врататат на трибините.
Планот е Интер и Баерн да играт во Милано, Реал и Интер во Мадрид, а Баерн и Реал во Минхен.