Македонија Ѓорче Петров загуби со убедливи 4:0 на гостувањето кај ЦСКА Софија во второто квалификациско коло на Конференциската Лига Европа, за да ги заврши европските натпреварувања по домашното 0:0 реми.
По одличното реми на домашен терен, Македонија мораше да бара гол на гости за пласман во третото коло, но во 31. минута прими гол по еден корнер, по кој најснаодлив беше холандскиот фудбалер Јирген Матај.
Резултатската неизвесност траеше до 61. минута кога Георги Јомов зголеми на 2:0, за третиот гол во мрежата на македонскиот претставик да дојде во 78. минута преку српскиот напаѓач Лазар Туфегџиќ. Точка на мечот стави Дакенс Назон во 87. минута од мечот.
Фото: Спортал.бг
Графика: Sofascore за Топспорт.мк