Фудбалерот на Астон Вила, Лукас Дињ, ќе стане првото засилување во летниот преоден рок на двократниот европски шампион Пари Сен Жермен . „Светците“, како што објави „Атлетик“ ќе ја платата откупната клаузула, која е помала од 10 милиони фунти.
Левиот бек има уште две години од договорот со клубот од Бирмингем. Минатата сезона, Дињ беше претежно прв избор на тренерот Унаи Емери. Започна 11 натпревари во успешната кампања на Астон Вила до трофејот од Лигата на Европа, вклучувајќи го и финалето, а одигра и 32 натпревари во Премиер лигата.
Во исто време, Астон Вила преговара со Милан за потпишување на левиот бек Первис Еступињан и го гледаат еквадорскиот репрезентативец како замена за францускиот репрезентативец.
Дињ пристигна во Астон Виља од Евертон во јануари 2022 година.
Досега има 182 настапи за клубот од Вила Парк, а претходно во својата кариера 32-годишникот играше за Евертон, Барселона, Рома, неговиот роден Лил и Пари Сен Жермен.
Во ПСЖ, негови конкуренти за минутажа ќе бидат Нуно Мендеш и Лукас Ернандез.
Foto/ Depositphotos
