Капитенот на европскиот првак Шпанија, пред полуфиналниот натпревар со Франција, на Светското првенство, им порача на соиграчите да бидат претпзливи.
Шпанија ќе се соочи со Франција во вторник во Далас, што може да биде еден од најдобрите натпревари на Светското првенство. Во полуфиналето на Лигата на нации 2025, двете репрезентации приредија спектакл во кој „Црвената фурија“ победи со 5:4, иако во еден момент водеа со 5:1.
Родри, сепак, не очекува уште еден натпревар со девет гола.
„Франција е најкомплетната екипа на Светското првенство. Има огромен офанзивен потенцијал, но особено би ја нагласил нивната дефанзивна игра“, рече шпанскиот капитен.
Французите се особено опасни кога се повлекуваат во нискиот блок, поради што Родри верува дека неговата репрезентација не треба да прифати отворена игра.
„Тој натпревар во Лигата на нации беше чуден. Ретко се случува меч да заврши со 5:4, особено кога играат силни репрезентации. Очекувам многу позатворен натпревар. Ако почнеме да се надигруваме со Франција, тоа нема да биде добра опција. Ќе мора да ја контролираме топката и играта колку што е можно повеќе“, заклучи Родри.
Foto/ Depositphotos
