Top Sport

Европските репрезентации се откажаа од капитенските ленти во боите на виножитото

Капитените на Англија, Велс, Белгија, Данска, Германија и Холандија, сепак, нема да носат капитенски ленти во боите на виножитите како поддршка за „OneLove“ кампањата за ЛГБТ правата, откако ФИФА потврди дека тие ќе добијат жолт картон ако носат вакви ленти. Националните федерации беа подготвени да ги платат финансиските казни на ФИФА, но не се подготвени да ги загубат своите капитени по два меча.

„ФИФА јасно порача дека ќе има спортски казни ако капитените ги носат капитенските ленти на теренот. Како национални федерации не можеме да си дозволиме да ги поставиме своите играчи во таква позиција. Исфрустрирани сме од одлуката на ФИФА, која нема преседан, а веќе им пишавме во септември дека сакаме да промовираме инклузивност во фудбалот, но не добивме одговор. Нашите играчи и тренери се разочарани“, се вели во нивното заедничко соопштение.

ФИФА пред стартот на Мундијалот објави дека преку капитенските ленти ќе се праќаат седум различни пораки со социјална порака, по што се предомисли и реши дека пораката „Без дискриминација“ ќе биде достапна на сите мечеви.

Scroll to Top