Top Sport

Езил нема намера да го напушти Арсенал

Месут Езил ќе остане во Арсенал до крајот на договорот потврдил менаџерот на фудбалерот Еркут Согут.

Договорот на Езил со Арсенал истекува по завршувањето на сезоната 2020/2021. Според договорот тој има неделна плата од 350.000 фунти.

„Месут има уште една година од договорот и тука ништо не се менува. Што ќе биде следно, не знам. Тој ќе има 32 години ќе може уште да игра“, рекол Согут.

Долго време Езил се поврзуваше со трансфер во Фенербахче.

„Месут и неговото семејство ќе донесат одлука која е најдобра за нив. Не можам да говорам за Фенербахче бидејќи го немам тоа право поради принципот на доверливост“.

Езил е играч на Арсенал од 2013 година кога во Лондон се пресели од Реал Мадрид.

Scroll to Top