Менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп малку повеќе го сака Лионел Меси од Кристијано Роналдо. Германецот во разговор за ЕСПН истакнал дека многу ги цени двајцата фудбалери, но мала предност му дал на играчот на Барселона.
„Доколку би било можно да се направи совршен фудбалер тогаш тоа би бил играч со висината на Роналдо. Би можел да скока високо и брзо да трча. Покрај тоа ставот на Роналдо кон обврските е апсолутно совршен и професионален. Меси е низок и се што прави го прави со неверојатна леснотија и поради тоа како играч малку повеќе го сакам. Кристијано исто така е неверојатен“, рекол Клоп.
Меси и Роналдо заедно имаат освоено 11 Златни топки.