Top Sport

Ф1 на Олд Трафорд: Тото Волф со Џим Ретклиф во Манчестер Јунајтед

Тимскиот шеф на Мерцедес во Формула 1, Тото Волф, разговарал со Сер Џим Ратклиф за приклучување кон неговата понуда за купување акции во Манчестер Јунајтед.

Како што пренесува Би-би-си, Ретклиф дал понуда да купи 25 отсто од акциите на клубот од семејството Глејзер. Таа работа допрва треба да биде завршена. Основачот на петрохемискиот гигант Инеос сака да ја преземе контролата врз фудбалските операции на Манчестер Јунајтед.

Во исто време, еден од најбогатите Британци поседува третина од Мерцедес Ф1.

„Имам голема почит кон Џим и си веруваме еден на друг“, изјави Тото Волф за АП.

Пред да се пресели во мотоспортот, Тото Волф го заработи своето богатство инвестирајќи во интернет и технолошки компании.

„Никогаш не сум се стремел да инвестирам во трофеи, но ми се допаѓа конкурентноста на Премиер лигата. Ако видиме дека можам да придонесам, тогаш би размислил да му се приклучам во Манчестер Јунајтед“, изјави 51-годишниот Австриец.

Scroll to Top