Top Sport

Њукалс ќе го тужи Милан

Играчот од средниот ред на Њукасл и репрезентативец на Италија, Сандро Тонали доби 10. месечна забрана за настап во фудбалот. Тој е казнет поради нелегално обложување, се кладел и на натпреварите на Милан додека бил играч на овој клуб.

На спортистите во Италија им е забрането да се обложуваат на натпревари организирани од Италијанската фудбалска асоцијација, УЕФА и ФИФА и им е забрането директно или индиректно да обложуваат, а оние кои ќе го прекршат правилото се соочуваат со парична казна од не помала од 25.000 евра и забрана за играње за до три години.

Предноста на Тонали беше тоа што не влијаеше на негативните резултати на својот тим, односно секогаш се кладел во победа на Милан на натпреварите на кои играше.

Англиските медиуми веќе извесно време пишуваат дека Њукасл подготвува тужба против Милан во која ќе се обиде да докаже дека Милан знаел за зависноста на Тонали пред да го продаде на Англичаните за нешто повеќе од 60 милиони евра.

Сепак, во Милано тоа го демантираат.

„За зависноста на Тонали дознавме преку медиумите, знаеме само тоа што го читаме. Ништо друго не знаеме и не сме знаеле“, велат од Милано во соопштението што го објави Фабрицио Романо.

Foto/ EPA

Scroll to Top