Англиската Фудбалска асоцијација (ФА) им порача на клубовите од Премиер лигата дека сезоната 2019/20 мора да се доигра, така што пропадна планот на трите последнопласирани клубови да го „блокираат“ „Проектот рестарт“ на лигата.
Норич, Астон вила и Бурнемаут беа подготвени да гласаат против доигрувањето на сезоната на неутрални терени, бидејќи така ја губат предноста на домашен терен во борбата за опстанок.
Сепак, ФА бара да се заддржи „спортскиот аспект“, што значи или да се доиграат преостанатите натпревари со формула поен-по-натпревар за да се реши пласманот, така што сега тие мораат да гласат за продолжување на сезоната за да избегнат испаѓање.
Според „Индепендент“, оваа информација на клубовите им била објавена пред нивниот состанок во понеделникот. Состанокот на 20-те клубови наводно траел само половина час без никаков договор.