Top Sport

Газдите на Манчестер сити си купија и белгиски клуб

„Сити фудбал групацијата“, сопствениците на Манчестер сити се согласија да го купат белгискиот второлигаш Ломел СК, како деветти фудбалски клуб во нивната „колекција“ во обид да изградат нови фудбалери како Кевин де Брујне и Винсен Компани.

Ломел ќе стане деветтиот фудбалски клуб во сопственост на газдите од Абу Даби по шампионите од Премиер лигата, Сити, Њујорк сити во американската МЛС лига, австралискиот Мелбурн сити, Јокохама Ф.Маринос од Јапонија, Клуб Атлетико Торке од Уругвај, Џирона од Шпанија, Сичуан џиуниу во Кина и Мумбаи сити во Индија.

„Возбудени сме што можеме да им посакаме добредојде на Ломел СК во групацијата за да работиме заедно за фановите и за градот. Белгија е една од најдобрите фудбалски земји во Европа што се покажува со успехот на националниот тим и развојот на светски играчи како Кевин де Брујне и Винсен Компани“, вели извршниот директор на ЦФГ, Феран Соријано.

Ломел, кои играат на стадионот „Севереин“ со 8.000 седишта, се во провинцијата Лимбург и беа шести во втората лига кога таа беше прекината поради корона вирусот.

Scroll to Top