Top Sport

Легротаље: И мене Мело ми одеше на нерви

Поранешниот фудбалер на Јувентус, Никола Легротаље вели дека Фелипе Мело и него честопати „му одел на нерви“, но дека Џорџо Кјелини можел да го критикува без лично да го напаѓа.

Кјелини предизвика вистинска бура на реакции во Италија по критиките за Мело и Марио Балотели во интервју во кое ја промовираше новата автобиографија, провоцирајќи лути одговори од двајцата.

„Целата мешаница беше неизбежна. Од другата страна, реакцијата на двајцата е нормална поради навредливите коментари. За разлика од Џорџо, јас повеќе би зборувал за лошото однесување на некои фудбалери без да ги напаѓам лично. Кјелини посочи дел од однесувањето кое не нервираше сите, но можеше без навреди. Мело знае каде згреши, што не го стави клубот на прво место, исто како и Балотели. Сепак, во животот жнееш тоа што си посеал, и искрено Бразилецот и мене честопати ми одеше на нерви“, вели Легротаље, кој сега е тренер на тимот на Пескара.

Кјелини: Мело беше јаболко на раздорот, а Балотели заслужи шлаканица

Scroll to Top