Манчестерските ривали Сити и Јунајтед се избегнаа во четврт-финалето во ФА купот. Ждрепката реши Манчестер сити во оваа рунда да му гостува на Свонси, а Манчестер Јунајтед ќе играат кај Вулферхемптон.
Интересно Манчестер Јунајтед и во претходните две рунди играа како гости, во Лондон кај Арсенал и синоќа кај Челси.
Меѓу најдобрите осум во ФА купот покрај Свонси пласман избори уште еден член на Чемпионшип дивизијата, Милвол. Оваа екипа за противник го доби Брајтон.
Последната двојка ја формираа премиерлигашите Вотфорд и Крисрал Палас.