Top Sport

ФА покрена постапка против Арсенал

Фудбалската асоцијација на Англија (ФА), покрена постапка против Арсенал, поради непристојното однесување на фудбалерите во текот на натпреварот со Манчестер сити.

ФА, соопшти дека постапката е покрената поради тоа што клубот не успеал да го исконтролира неспортското однесување на фудбалерите во 59.минута, кога бурно протестираа кај судијата Стјуарт Атвел.

Играчите на Арсенал збеснаа поради досудениот пенал за гостите и црвениот картон што го доби Габрел.

ФА во обвинението наведува дека играчите на Арсенал го пцуеле судијата Атвел. Клубот до петок треба да се изјасни по овие обвиненија.

Scroll to Top