Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) покрена истрага против фудбалерот на Тотенхем Ерик Даер. Фудбалерот по елиминацијата на Тотенхем во осмина-финалето во ФА купот влезе на трибините за да се пресмета со еден навивач.
Тотенхем по изведувањето на пенали испадна од Норич, а по завршувањето на натпреварот еден навивач упатил низа навреди кон Даер и неговото семејство. Поради тоа фудбалерот тргнал физички да се пресмета со него.
Од ФА соопштија дека покренале истрага против фудбалерот без да наведат повеќе детали.
Исто така, англиските медиуми очекуваат 26 годишниот Даер да биде казнет од клубот, иако тренерот Жозе Мурињо најави дека нема да поддржи таква одлука.
Даер предизвика скандал – сакаше физички да се пресмета со навивач (Видео)