Соиграчот на Елиф Елмас од Наполи, Фабијан Руиз, пред синоќешниот натпревар Грција-Шпанија, бил отстранет од националниот тим.
Руиз имал несогласувања со Луис Енрике. Селекторот на Шпанија реагирал експресно, му наложил на Руиз да го напушти кампот на репрезентацијата.
„Фабијан е добро, на мојата листа има 25 фудбалери. Тој е на поширокиот список, знае што треба да подобри во својата игра, знае дека треба да работи на однесувањето за да се врати на главниот список. Вратите на репрезентацијата се отворени за сите играчи“, рекол Енрике.
Шпанците, синоќа, победија во Атина со 1:0, го искористија поразот на Шведска во Грузија (2:0) и ја презедоа првата позиција во групата.
Во недела, во Севилја, против Шведска, на Шпанците ќе им биде доволен и еден бод за да обезбедат директен пласман во Катар.