Top Sport

Фабрегас го комплетираше трансферот во Монако

Цеск Фабрегас го комплетираше трансферот од Челси во Монако, каде што ќе се обедини со Тјери Анри, со кого играше заедно во Арсенал од 2003 до 2007 година.

Фабрегас се согласи за договор од три и пол години со клубот од малото кнежевство откако ги помина медицинските тестови и може да дебитира веќе во неделното гостување кај Марсеј во Лига 1.

31-годишниот Фабрегас го следеше својот колега Анри, заминувајќи од Арсенал во Барселона, пред да се врати во англискиот фудбал со Челси во 2014 година, по што освои две титули од Премиер лигата.  Тој веќе се прости со навивачите на Челси во саботниот 2:0 триумф во ФА купот против Нотингем форест, во меч во кој утна пенал.

Во Монако, Шпанецот го очекува тежок предизвик да го врати шампионот од 2017 година на вистинските патеки, откако тимот победи само двапати во последните девет лигашки натпревари и се наоѓаат во зоната за испаѓање со пет поени помалку од „безбедната зона“.

Scroll to Top