Top Sport

Шпиунски скандал во Англија – Лидс имале свој човек на тренингот на Дерби

Англиската Фудбалска асоцијација (ФА) потврди дека го испитува случајот со „шпиунажа“ во англискиот Чемпионшип, откако човек на Лидс јунајтед бил уапсен на тренингот на Дерби пред нивниот вечерашен дуел во лигата.

Доколку бидат обвинети за непрописно однесување, Лидс може да ги очекува и кратење на поени, што би било катастрофално за нивните шанси за пласман во Премиер лигата.

Од Дерби ја повикале полицијата откако бил забележан човек со двоглед во близина на оградата на тренинг-терените на Дерби, а тренерот Френк Лампард го прекинал тренингот пред да пристигне полицијата. Полицијата потоа утврди дека возилото на осомничениот е во сопственост на Лидс јунајтед.

Мечот Лидс-Дерби почнува вечерва во 20.30 часот.

Scroll to Top