Ветеранот Цеск Фабрегас вели дека неговиот поранешен тренер Жозе Мурињо дури и со гушкањето на одредени пораки си играл „ментални игри“ со својот состав.
Во разговор со Рио Фердинанд, Фабрегас зборуваше за славните тренери со кои работел и кои ги вклучуваат Мурињо, Пеп Гвардиола и Арсен Венгер. Фабрегас беше јуниор под Венгер во Арсенал, по што играше под Гвардиола во Барселона, пред да работи со Мурињо во Челси. Со Мурињо, тој ја освои титулата во 2014/15 и се потсети на првата средба со него.
„Жозе е најтактичкиот тренер, бидејќи има еден систем кој го работи навистина добро, но само со вистинските фудбалери на тие позиции. Кога првпат се сретнав со него ми кажа: ’Ми требаат двајца фудбалери, ќе го донесам Диего Коста и тебе ако сакаш’. Ми го нацрта составот на лист и ми кажа дека ќе освоиме титула. Тој најдобро го играше мојот ум. Голем тренер за големи фудбалери поради тоа. Те стимулира. На пример, еден ден ќе ти прати СМС да те пофали колку добро играш, а следниот ќе ти пише дека си ѓубре. Еден ден не ме пушта за лига-купот, па ќе играш, па ќе ти даде четири дена пауза. Ако си играл добро, но сте загубиле, ќе дојде ќе те гушне, бидејќи си бил негов воин. Кога ќе видите дека тренерот гушка некој друг, а не вас, следниот ден ќе бидете подобро подготвени. Имав многу добра врска со него“, вели Фабрегас.