Играчот од средниот ред на Челси, Цеск Фабрегас вели дека не сака да го искажува своето политичко мислење бидејќи верува дека фудбалерите честопати се лошо сфатени.
Шпанскиот интернационалец е роден во Каталонија, во местото Аренис де Мар и двапати играше во Барселона, од 1997 до 2003 и од 2011 до 2014 година. Но, за разлика од неговиот сонародник Жерард Пике, кој гласно ја подржува независноста на Каталонија поради што си направи многу проблеми, Фабрегас останува тивок, иако во минатото настапуваше за неофицијалната репрезентација на Каталонија.
„Би сакал да има подобро разбирање во мојата земја. Сите имаме различни мислења, но работите требаше да се направат поинаку за да можеме подобро да се разбереме. Во Шпанија фудбалот е страст, така што е тешко еден фудбалер да размислува за политички работи. Тие веднаш лошо те разбираат. Затоа, се обидува да се држам подалеку од тоа“, вели Фабрегас во интервју за „Венити фер“.