Top Sport

Фабрегас потпишува за Комо

Шпанскиот интернационалец Цеск Фабрегас, кој во кариерата настапуваше за Арсенал, Барселона, Челси и за Монако, ќе потпише договор со италијанскиот второлигаш Комо, тврдат медиумите на Пиринеите.

Фабрегас пристигнува во Комо благодарение на поранешната легенда на Челси и Премиер – лигата, Денис Вајс. Тој сега е претседател на клубот и го убеди Фабрегас да му се придружи.

Фабрегас доаѓа како слободен агент откако се раздели со Монако. Тој и понатаму има желба активно да игра, а во Комо му е понудена и тренерска функција откако ќе реши да ја заврши кариерата.

Scroll to Top