Top Sport

Шаќири: Најважно е дека се пласиравме во следното коло од КЛ

Шкендија успеа да го елиминира ерменскиот Арарат откако на гостувањето во Ереван одигра 2:2, задржувајќи ја предноста од два гола од првиот меч во Скопје. Следен ривал на Шкендија е летонскиот тим Валмиера од Летонија.

Тренерот Артим Шаќири е задоволен од пласманот во следната рунда иако жали за неколку пропуштени шанси со кои Шкендија можеше до триумф и на реваншот.

„Честитки за момците, одиграа одлично, посебно во првото полувреме. Во вториот дел имавме уште неколку шанси да го потврдиме триумфот, а во фудбалот е така – кога нема да дадеш гол, ќе примиш. На крајот, најважно е дека се пласиравме во следното коло. Сега одиме да се одмориме ден – два во Тетово и веќе мислиме на следниот ривал. Не очекува патување во Летонија“, изјави Артим Шаќири.

Scroll to Top