Top Sport

Фабрегас се понуди да не зема плата од Монако четири месеци!

Ѕвездата на Монако, Цеск Фабрегас се понудил да не зема плата следните четири месеци и да добие 30 отсто намалување за остатокот на годината за да помогне на својот клуб да ја преброди кризата со корона вирусот.

Според „Дејли телеграф“, поранешниот фудбалер на Арсенал, Барселона и Челси, со овој потег би им заштедил на Монако околу 2.5 милиони евра.

Покрај ова, 32-годишниот Шпанец исто така е подготвен да покрие 30 отсто од платите на сите придружни вработени во тимот, за тие да можат да ја добиваат целосната плата за време на кризата.

Самиот Фабрегас е лично погоден од кризата, бидејќи неговата прабаба имала позитивен тест. 95-годишната Флора живее во дома за стари лица, а Фабрегас плати за неа и 15 други жители на домот да се преселат во локален хотел.

„Таа има 95 години и кутрата жена беше позитивна на корона вирусот. Имаше многу луѓе во нејзиниот дом што не беа заразени и затоа им обезбедивме хотел“, изјави неодамна Фабрегас.

Scroll to Top