Цеск Фабрегас и неговата нова сопруга Даниела Семан во вторникот имаа гламурозна свадба на Ибиза, на која беа многу негови колеги од Арсенал, Барселона и Челси, како Лионел Меси, Тјери Анри и Џон Тери.
Фабрегас се ожени со Семан во мај, но чекаше да дојде лето, и пауза во фудбалот, за да се прослави нивниот брак. Лионел Меси беше присутен со својата сопруга Антонела Рокуцо, Тјери Анри со сопругата Андреа Рајачиќ, исто како и поранешниот капитен на Челси, Џон Тери со сопругата Тони. Тука беа и сегашните соиграчи на Фабрегас, Рос Баркли, Итан Ампаду, Маркос Алонсо и Н’Голо Канте. Серџо Бускетс и Карлес Пујол, како и Јенс Леман исто така беа посебни гости.
Фабрегас и неговата 12 години постара сопруга, 43-годишната Семан беа придружувани и од четири од своите пет деца – Леонарда, Лиа, Капри и Џозеф, додека најстарата ќерка Марија не беше присутна.