Top Sport

Ивановски елиминиран во осминафиналето

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски не супеа да се пласира во четвртфиналето на Челинџерот во Братислава.

Ивановски, во осминафиналето, доживеа пораз од Американецот Мартин Дем (6:3, 6:4).

Мечот траеше само 64 минути, Дем одлично сервираше (15 аса), направи по еден брејк во секој сет што му беше доволно за победа.

Наградниот фонд на трурнирот во Братислава изнесува 145.000 евра.

Scroll to Top