Навивач на тимот Колорадо Рапидс во американската МЛС фудбалска лига се избламира по мечот што неговиот тим го играше со Лос Анџелес Галакси.
Неколку навивачи се стрчаа на теренот по завршувањето на натпревварот, а сите беа упатени кон шведскиот фудбалски ас, Златан Ибрахимовиќ.
Несреќниот навивач баш пред да стигне до својот идол, се лизна и падна на тревникот. Потоа го стигнаа редарите и „средбата“ пропадна.
Колорадо го доби мечот со 2-1.
Погледнете го несреќниот обид на фанот:
what is life pic.twitter.com/87rJjI2Ob5
— LA Galaxy (@LAGalaxy) September 12, 2019