Top Sport

„Фанот“ на Ливерпул, Вегхорст ги налути навивачите на Манчестер јунајтед

Како да не беше доволен понижувачкиот 7:0 пораз од Ливерпул на „Енфилд“, навивачите на Манчестер јунајтед беа бесни кон својот холандски напаѓач, Вут Вегхорст, кој пред стартот на мечот реши да го допре славниот натпис на стадионот „This is Anfield“.

Вегхорст, кој има 1 гол во 14 настапи за Јунајтед откако пристигна како позајмен играч од Барнли во јануари, според нив фрлил „клетва“ пред мечот со овој потег, а уште пострашно е што се појави едно старо интервју во кое тој не ја крие симпатијата кон Ливерпул.

Во изјава од мај 2020, кога беше фудбалер на Волфсбург,Вегхорст признава: „Ливерпул е нешто посебно. Секогаш се ежам кога ќе почне ‘You’ll Never Walk Alone’“.

Scroll to Top