Руслан Малиновски и Алексеј Миранчук не се само соиграчи во тимот на Аталанта, туку се и блиски пријатели и покрај тоа што Малиновски е Украинец, а Миранчук е Русин.
Навивачите на Аталанта затоа подготвија одлична порака за мир со банер на кој двајцата се ракуваат со украинското и руското знаме во позадината.