Top Sport

Фановите на Беитар бараат фудбалерот со „муслиманско“ име Али Мохамед да игра со прекар

Навивачите на израелскиот клуб Беитар Ерусалим побараа нивниот нов фудбалер Али Мохамед да го смени името бидејќи тоа „премногу потсетува на исламот“.

„Како и други фудбалери во минатото, Али Мохамед ќе мора да си најде прекар ако сака да игра за нас“, објави „Ла фамилија“ навивачката група на Фејсбук.

Беитар, клуб кој игра на стадионот „Теди“ во Ерусалим традиционално се смета за анти-муслимански и анти-арапски клуб, и останува единствениот израелски клуб во кој никогаш не играл еден Арап, иако тие претставуваат 17.5 отсто од жителите на Израел. Али Мохамед, секако, не е муслиман, туку христијанин од Нигер.

Во 2013 година, клубот потпиша со двајца муслимански фудбалери од Чеченија, кои мораа да се шетаат со телохранители, а навивачите го запалија седиштето на клубот.

Во 2017 година, менаџерот Ели Коен си даде оставка под притисок на израелската јавност откако изјави дека нема да потпише со ниту еден муслиман, додека минатата година новите сопственици на клубот објавија дека религијата веќе нема да е пречка за потпишување на фудбалерите.

Беитар го смени името во Беитар Трамп Ерусалим во чест на американскиот претседател

Scroll to Top