Top Sport

Модриќ за „Марка“: Следната сезона за мене ќе биде сјајна!

Хрватскиот фудбалер, Лука Модриќ во интервју за шпанска „Марка“ зборува за ситуацијата во Реал Мадрид. Реал одигра многу лоша сезона и во овој преоден рок тргна во реконструкција на тимот.

Во Мадрид веќе стигнаа Еден Азар, Лука Јовиќ и Едер Милитао, но тоа не е се кога станува збор за засилувањата.

Сепак, Модриќ вели дека наредната сезона со „кралевите“ за него ќе биде успешна и во составот ќе има место за него.

„Очекувам подобар Реал, конкурентен Реал Мадрид во сите аспекти и во сите натпреварувања, што не ни успеа сезонава. Јас сум еден од постарите играчи, тоа е одговорност која ми се допаѓа. Сигурен сум дека ќе бидеме подобри следната сезона, а навивачите заслужуваат да освоиме важни титули. И се радувам на следната сезона, сигурен сум дека ќе биде сјајна за мене, одвај чекам да почне“ – рече Лука Модриќ.

Scroll to Top