Top Sport

Фановите на Милан сакаат Кјер да стане капитен

Фановите на Милан преку социјалните мрежи побараа Симон Кјер да биде промовиран во капитен на „росонерите“, а според „Ла газета дело спорт“, таа идеја е добро прифатена и од клубот.

Хештегот #KjaerCapitano стана популарен на Твитер, откако Кјер, како капитен на данската репрезентација беше клучен човек во спасувањето на неговиот соиграч Кристијан Ериксен во страшните сцени од Копенхаген во саботата. Бекот веднаш реагираше да му помогне на Ериксен кој колабираше, а потоа беше човекот кој ја тешеше девојката на Ериксен и ги организираше соиграчите да го заштитат соиграчот.

Според „Ла газета дело спорт“, тренерот Стефано Пиоли ќе разговара со клубот во иницијативата и можно е Данецот, кој пристигна од Севилја во јануари 2020 да ја добие капитенската лента, иако Алесио Ромањоли е капитен од 2018, но под Пиоли не беше стартер.

Џиџио Донарума веќе не е во клубот, а Златан Ибрахимовиќ не е сигурен на секој натпревар.

Scroll to Top