Top Sport

„Фармацевтите“ пред пласман во ЛШ, „сопка“ за РБ Лајпциг

Баер Леверкузен стигна до важна 2:0 победа над Ајнтрахт Франкфурт за да дојдат на чекор до обезбедување на пласман во Лигата на шампионите, додека шансите на РБ Лајпциг за пласман во европската елита се намалија по 3:1 поразот на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах.

Младиот Бразилец, Паулињо во 18. минута од мечот го донесе Баер во водство, за фантастичниот Патрик Шик со својот 22. гол оваа сезона во 51. минута да ја потврди победата. Леверкузен на две кола пред крајот се на третото место на табелата со 58 поени, три поени пре Фрајбург, и сега четири пред Лајпциг на петтото место.

Во Гладбах, Брил Емболо во 17. минута ги донесе домаќините во водство, по што Лајпциг израмни во 36. минута преку Кристофер Нкунку, за Јонас Хофман во финишот на полувремето да го врати водството за „ждребињата“. Борусија остана со играч помалку во 64. минута по црвениот картон за Нико Елведи, но и со играч помалку, стигнаа до 3:1 водство со вториот гол на Хофман во 77. минут од мечот.

БУНЕСЛИГА, 32.КОЛО

Баер Леверкузен – Ајнтрахт Франкфурт 2:0

Борусија Менхенгладбах – РБ Лајпциг 3:1

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top