Top Sport

Јунајтед подготвени да му дадат втора шанса на Санчез (но само како замена)

Алексис Санчез ќе добие втора шанса во Манчестер јунајтед следната сезона, јавуваат британските медиуми, но само ако биде задоволен да биде замена во повеќето мечеви.

Чилеанецот беше донесен како големо засилување од Арсенал и има фантастична плата од 500.000 фунти неделно и уште две години од договорот, но оваа сезона беше позајмен на Интер, каде што по кратката добра форма повторно се повреди.

Според „Дејли мирор“, Оле Гунар Солскјер на состанок со извршниот потпретседател на клубот, Ед Вудворд решиле да го заддржат Санчез во тимот наместо да платат за прекин на договорот. Солскјер смета дека Санчез треба да добие нова шанса, но се плаши дека со него во тимот ќе се блокира прогресот на младите фудбалери како Даниел Џејмс и Мејсон Гринвуд.

Санчез дојде од Арсенал во јануари 2018 во замена за Хенрик Мхитарјан и имаше само 32 настапи за „ѓаволите“ – во првата цела сезона постигна само еден гол, пред да замине во Интер како позајмен фудбалер. Интер има опција да го заддржи со постојан договор, но многу е веројатно дека нема да ја искористат. Тој влезе во игра во второто полувреме од Копа Италија против Наполи, но Интер испаднаа по 1:1 ремито.

Scroll to Top