Вундеркиндот на Барселона Ансу Фати во наредниот договор ќе бара од клубот десет пати поголема плата.
Фати во неделата ги постигна првите два гола и избори пенал во убедливата победа на Нарселона над Виљареал од 4:0.
Откупната клаузула на Фати од 170 милиони „скокна“ на 400.000.000 евра. Тој се уште не може да потпише професионален договор бидејќи има 17 години. Фати ќе стекне полнолетсто во 31 октомври.
„Марка“ тврди дека тој наредната година ќе покачување и плата од 10.000.000 евра.
Исто така неодамна Барселона добила понуда од 150.000.000 евра за Фати, медимкте шпекулираат дека понудата ја испратиле од Манчестер Јунајтед и тоа преку супер-менаџерот Жорж Мендеш.