Top Sport

„Згрешив, ова беше за доброто на Барселона“

Лионел Меси објави крај на војната со Барселона. Несогласувањата помеѓу фудбалерот и клубот во изминатите 40 дена беа глобална светска тема. Во интервју за каталонскиот „Спорт“, капитенот на Барселона испратил пораки на помирување, извнување и заедништво. Ова е дијаметрално спротивно од она што најдобриот играч во историјата на славниот клуб го зборуваше изминатите денови.

„По толку несогласувања, сакам конечно да ставиме крај на тоа. Сите навивачи на Барселона мораат да се обединат и да знаат дека најдоброто доаѓа. Уште повеќе страст и ентузијазам е единствениот начин да ги оствариме нашите цели, секогаш обединети“, порачал Меси.

„Ја прифаќам одговорноста за сите мои грешки доколку тие воопшто и постоеја. Правев сѐ за да го зајакнам и подобрам клубот. Сакам да им испратам порака на сите членови на клубот и на сите навивачи. Доколку се чувствуваат навредени мора да знаат дека тоа го правев за доброто на клубот и неговите интереси“.

Scroll to Top