Top Sport

Фати влезе во историјата на Примера

Тинејџерот Ансу Фати им ја донесе победата на Барселона над Леванте (2:1) и го запиша своето име во историјата на Примера.

Фати стана најмладиот играч кој постигнал два гола на натпревар во елитниот ранг на шпанскиот фудбал. Тој има само 17 години и 94 дена.

Инаку Фати во интервал од 102 секунди ги постигна головите против Леванте. За двата гола му асистираше Лионел Меси.

Scroll to Top