Top Sport

Ѓоковиќ повторно е број 1

Новак Ѓоковиќ ја започна својата 276 недела на врвот на АТП листата. Србинот го презеде врвот од Рафаел Надал откако вчера ја одбрани титулата на Австралија опен. По тутнирот во Мелбурн ина неколку промени меѓу првите десет на АТП листата.

Ѓоковиќ е број 1 со 9.720 поени, односно 325 поени повеќе од Надал. Српскиот тенисер е трет на вечната листа според бројот на недели минати на врвот на АТП листата, пре него се Пит Сампрас на второто (286) и Роџер Федерер на првото место (310).

Рџер Федерер остана на третото место со 7.130 поени, а на четвртата позиција е финалистот во Мелбурн Доминик Тим со 7.045 поени. Австриецот од четвртото место го истисна Данил Медведев кој има 5.960 поени.

Во Топ 10 се наоѓаат уште Стефанос Циципас (4.7450, Александар Зверев (3.885), Матео Беретини (2.905), Гаел Монфис (2.700) и Давид Гофан (2.555).

Scroll to Top