Top Sport

Претседателот на Самп бил уапсен додека преговарал со Станковиќ?

Адвокатот Џузепино Тенга, кој го застапува претседателот на Сампдорија, Масимо Фереро, тврди дека тој бил уапсен додека преговарал со актуелниот тренер на Црвена звезда, Дејан Станковиќ.

Хаотичните неколку дена за Самп почнаа кога вчера Фереро беше уапсен за нелегално сметководство за негови бизниси кои не се поврзани со клубот, по што си даде оставка од позицијата претседател и е подготвен да го продаде клубот на групацијата предводена од Џанлука Вијали. Во исто време, шпекулациите велеа дека клубот се подготвува да му даде отказ на Роберто Д’Аверса и да го привлече Станковиќ.

„Фереро во моментов е во затвор во Милано и слушнав дека не е во најдобра физичка состојба, но не му дозволуваат да се брани од слобода. Има висок крвен притисок, а не му дозволуваат ниту да му се достави дополнителна облека. Апсењето е поврзано со приватните бизниси на Ферари, вклучувајќи кино во 2003, кое банкротирало во 2017. Сампдорија нема никаква врска со ова. Знам дека преговараше со Станковиќ, и затоа за време на апсењето беше во Милано“, вели Тенга.

Овој викенд, Самп ги чека лутото дерби со градскиот ривал Џенова, во славното „Дерби дела лантерна“.

Scroll to Top