Легендата на Ливерпул, Роби Фаулер инсистира дека „црвените“ се „најдобриот тим кој ја освоил Премиер лигата“, посочувајќи дека тимот на Јирген Клоп веќе ја заслужил титулата без разлика на тоа како ќе се одвиваат работите со сезоната во Премиер лигата поради корона вирусот.
Ливерпул има 25 поени предност на врвот на Премиер лигата со 27 победи во 29 меча, што значи дека им недостасуваат само шест поени до осигурување на првата лигашка титула по 30 години. За жал, корона вирусот направи хаос во светскиот фудбал и Премиер лигата е откажана барем до 3 април, а постојат шпекулации дека може да не се доигра титулата, оставајќи ги Ливерпул без заслужениот трофеј.
„Мислам дека нема фудбалски навивач во земјата кој не признава дека Ливерпул заслужуваат да се шампиони, дека веќе ефективно се освојувачи на Премиер лигата. Дури и најлутите ривали не сметаат дека ако сезоната заврши сега дека трофејот не треба да им биде даден. Секако, триумфот малку би бил оцрнет поради условите. Играв голем дел од тие 30 години во кои Ливерпул очајно се бореа за титулата, така што знам колку значи. Со секоја година, притисокот стануваше поголем, фановите поочајни. Ливерпул се највредните шампиони. Ова е најдобрата сезона во историјата на англискиот фудбал, а тие се најдобриот тим со титула од Премиер лигата. Да, веќе ги нарекувам шампиони. Реалноста е таа“, вели Фаулер.