Top Sport

Влезете во луксузниот дом на Лука Модриќ (Видео)

Фудбалерот на Реал Мадрид Лука Модриќ поседува луксузна вила во северниот дел на шпанската престолнина вредна 12,3 милиони евра.

Вилата поседува девет спални соби, кино, базен, салон за масажа, четири соби за персоналот, канцеларија, игротека и гаража за десет автомобили.

Луксузниот објект има 2.700 квадратни метри, а целиот имот се протега на 10.000 метри квадратни.

Вилата во која со семејството, сопругата Вања и трите деца, живее најдобриот фудбалер во светот за 2018 година, се наоѓа Ла Маорале или како што го нарекуваат Шпанците „затворено село“.

Во овој дел од Мадрид живеат познати фаци, меѓу кои и неколку играчи на Реал: Тони Крос, Герет Бејл, Хамес Родригез. Вила во „затвореното село“ поседува и тренерот на Реал, Зинедин Зидан.

Scroll to Top