Top Sport

Фаворитите без проблеми на патот кон Лига Европа

Главните фаворити не дозволија изненадувања во првите мечеви од баражот за влез во Лига Европа, откако Фенербахче, Олимпијакос и Ренџерс забележаа победи, додека Галатасарај извлече позитивни 1:1 во Данска.

Олимпијакос е на чекор од пласман во групната фаза по убедливата 3:0 победа над Слован Братислава, додека Фенербахче со минимални 1:0 ги совлада ХЈК Хелсинки. Ниту Глазгов Ренџерс не успеа да обезбеди повисока победа против ерменскиот Алашкерт, откако поголемиот дел од мечот го играа со 10 играчи.

Највозбудливо беше во Прага, каде што Славија и Легија Варшава одиграа 2:2, додека Омонија го „торпедираше“ белгискиот Антверпен со 4:2.

ЛИГА ЕВРОПА, БАРАЖ, 1.МЕЧ

Омонија (Кип) – Антверпен (Бел) 4:2

Рандерс (Дан) – Галатасарај (Тур) 1:1

Славија Прага (Чеш) – Легија (Пол) 2:2

Мура (Сло) – Штурм Грац (Авт) 1:3

Фенербахче (Тур) – ХЈК Хелсинки (Фин) 1:0

Олимпијакос (Грц) – Слован Братислава (Свк) 3:0

Ренџерс (Шко) – Алашкерт (Ерм) 1:0

Рапид Виена (Авт) – Зорја Луханск (Укр) 3:0

Scroll to Top