Top Sport

Федерер воодушевен од Меси: Во секој момент има три опции пред него

Тенискиот „маестро“, Роџер Федерер го пофали капитенот на Барселона и на аргентинската репрезентација, Лео Меси за неговата визија на теренот.

37-годишниот Федерер, освојувач на рекордни 20 гренд слем титули, вели дека Аргентинецот во секој момент на теренот има три опции пред него.

„Најмногу ми се допаѓа кај Меси тоа кога ќе ја добие топката и е способен да го сврти телото кон голот и има целосна визија на играта. Тогаш знае дека може да додаде, да дрибла или да шутира. Тој секогаш има три опции пред него и е еден од ретките кои го имаат тоа“, вели Федерер во интервју за „Финеншл тајмс“.

Ова не е првпат Федерер да го искаже своето почитување за 32-годишниот Меси, откако неколку пати го нарече најдобар фудбалер на светот, и сега го повтори тоа.

„Мислам дека тој е најдобриот во историјата на фудбалот. Сакам да го гледам како игра и се надевам дека еден ден ќе го освои Светското првенство со Аргентина“, вели Федерер.

Scroll to Top