Јувентус успеа да склучи голем договор во последниот ден од преодниот рок, носејќи го крилото на Фиорентина, Федерико Киеза на позајмица со опција за купување за вкупно 50 милиони евра.
22-годишниот Киеза, синот на поранешниот италијански напаѓач Енрико Киеза, постигна 34 гола во 153 настапи за клубот од Фиренца, и сега пристигнува во Торино на првична позајмица од 10 милиони евра за две сезони, со дополнителни 40 милиони евра ако се исполнат условите во договорот.
Киеза ќе треба да одигра одреден број на натпревари за Јуве (60 отсто од најмалку 30 минути), а исто така ќе треба да постигне 10 гола и 10 асистенции во тие две сезони.
Ова е уште еден удар за Фиорентина, по лошиот старт на сезоната во Серија А со два порази во првите три меча.
Chiesa joins Juventus ➡️ https://t.co/eIlMBpdc9F pic.twitter.com/KHGcPOF4GB
— ACF Fiorentina English ? (@ACFFiorentinaEN) October 5, 2020